Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и дизелот ќе се зголемат за половина денар, вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 денари, на Еуродизелот 67,50 и на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,71 денари за килограм.