Во Дебарца одржана јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод

Денес во просториите на општина Дебарца со почеток во 11 часот започна јавната расправа за студијата за изводливост и оцена за влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за проектот „Изградба на интерконективен надземен вод 400KV TС – Битола 2 македонско-албанска граница и ТС 400/110 КV Охрид“.

Јавната расправа ја организираа Министерството за животна средина и просторно планирање – Скопје и МЕПСО, заедно со Консултантите на Проектот ја презентираа пред жителите на општина Дебарца оправданоста на овој проект и Студијата за ОВЖС, кој поминува низ општините Битола, Ресен, Охрид, Дебарца и Струга, до границата со Албанија.

JavnaRaspravaDalnovod02