Изборниот процес и моменталната политичка ситуација во Македонија, беа главните теми на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, со амбасадорката на Сојузна Република Германија Гудрун Штајнакер.
„Запознаена целосно со извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, којшто е клучен и за Европската Унија, како и со нотираните неправилности од страна на домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ, амбасадорката Штајнакер подетално се интересираше за сите нерегуларности во изборниот процес, евидентирани и од СДСМ. СДСМ како најголема опозициска партија, има обврска кон граѓаните да не ги легитимира недемократските процеси и државата да ја врати во нормален колосек, односно да се создадат услови на коишто без заплашувања, уцени, поткуп, ќе дојде до израз волјата на граѓаните. Германската амбасадорка се интересираше и за односот на медиумите кон опозицијата за време на изборниот процес, што е нотирано и во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, дека медиумите и јавниот сервис МРТВ, за време на кампањата известуваа пристрасно во полза на ВМРО ДПМНЕ“. рече претседателот Заев на средбата.
На средбата стана збор и за моменталната положба на медиумите во Македонија.