Започна одбележувањето на „7-ми Мај“, Денот на македонската полиција

Со денешното положување на цвеќе пред споменикот на паднатите бранители припадници на МВР започна одбележувањето на  „7-ми Мај“, денот на македонската полиција. На пригодната церемонија која се одржа во Министерството за внатрешни работи цвеќе положија и челните луѓе на МВР, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во придружба на директорите на Бирото за јавна безбеденост и Управата за контраразузнавање, г-динот Митко Чавков и г-динот Сашо Мијалков.

Инаку, покрај ова во текот на денот ќе се одржат низа манифестации во рамки на годинашното чествување на Денот на македонската полиција, а централниот настан ќе се одржи во Центарот за обука на кадри во Идризово каде што свое пригодно обраќање по повод „7-ми Мај“ ќе има министерката Јанкулоска.