Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 50 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар кај селото Велешта.
Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на лице место им под- легнал на повредите додека со телесни повреди се здобил сопатникот Б.А.(18) од истото село.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот а откако го вратил возилото на коловоз повторно излетал на десната страна удирајќи во бетонски електричен столб.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Струга како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.