СВР Охрид со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства во Тетово

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Тетово.

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400.