Еко опоменковци во ходниците на ОУ „Св. Климент Охридски“

Во рамките на проектот „Интеграција на заштита на животната средина во  воспитно – образовниот систем на Република Македонија“ во училиштето „Св.Климент Охридски“ Охрид се спроведуваат многубројни активности.

„Членовите на еко одборот (ученици, вработени и родители) учествуваа во работилницата на која од отпадниот мтеријал направија кукли – еко опоменковци: од картонска амбалажа Картонко, од лимените конзерви Лименко, од пластичната амбалажа Винко и Винка. Овие симпатични кукли поставени се во училишниот ходник, а под нив се поставени корпи во кои треба да се селектира отпадот: хартија, лим, пластика. Куклите имаат задача да ги опоменуваат сите во училиштето да не заборават да го селектираат отпадот.“– вели директорот на училиштето Јордан Пуроски.

Целта на оваа акција како што вели Пуроски, е постојано да се влијае врз свеста на најмладите, но и на повозрасните, за значењето на селектирање на отпадот.

„На тој начин учениците од  најмалата возраст ќе стекнуваат добри навики за грижа за животната средина.“- додаде Пуроски.