Свечена прослава во Дебарца по повод 9 мај Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа

 Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца и Општина Дебарца по повод 9 мај Денот на победата над  фашизмот и Ден на Европа организираат прослава која ќе се одржи утре, 9 мај со следната програма:

 09:30  часот: Поаѓање од Охрид за Дебарца

10:00 часот: Споменик на паднатите борци во НОБ, ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебарца

–     Полагање цвеќе

Пригодна  реч на Наце Иваноски – професор по историја, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.

 10:45    часот- БЕЛЧИШТА

Прием на гостите во просториите на зградата на Општина Дебарца

Посета на спомен собата на НОБ

Посета на ликовната колонија