Утринава, во 60-тата година, ненадејно почина Благоја Крстаноски-Били. Крстаноски повеќе години го предводеше Здружението на Трудови инвалиди на општините Охрид и Дебарца.
Како долгогодишен соработник на охридската ТВ Морис, јавноста го памети по извонредните видео записи што ги бележеше по селските и градските средини.
Погребот на Благоја Крстаноски ќе биде утре во 13 часот на градските гробишта во Охрид.