Еден припадник од перуанските воздухопловни сили, чиј падобран не се отворил за време на една вежба, преживеал пад од висина од дури 1500 метри, без ниту една скршена коска, објавија локалните медиуми во Перу.
„Вистинско чудо е што е жив. Не знаеме што го ублажило неговиот пад, но тој остана жив. Тоа е вистинско чудо.“ – изјавил докторот од итната помош.
Според неговите зборови, 31-годишниот водник бил одведен на детален медицински преглед, при што било утврдено дека нема ниту една скршена коска.
Водникот скокнал од воениот авион на висина од 1500 метри, но кога сакал да го отвори падобранот, јажињата му се заплеткале околу вратот, при што тој ја изгубил свеста.