Спасов: За два месеци вработени 1.200 млади до 29 години

Повеќе од 1.200 млади луѓе се вработиле за само два месеца во над 800 компании како резултат на владината мерка за ослободување од плаќање на социјалните придонеси за вработување на млади до 29 години.

„Оваа мерка е во примена два месеца и интересот на приватните компании е навистина голем. Досега над 830 компании вработија млади луѓе, односно вработени се повеќе од 1.230 млади луѓе за само два месеци користејќи ја оваа мерка за ослободување од социјалните придонеси во висина од 37 проценти до просечна бруто-плата“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

 Изразувајќи задоволство од досегашната реализација, министерот Спасов очекува дека и во следниот период ќе се продолжи со успешната имплементација на оваа мерка со што ќе се зголеми вработувањето на младите луѓе во државата.