Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца и Општина Дебарца по повод 9 мај Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа организираат прослава која ќе се одржи утре, 9 мај со следната програма:
09:30 часот: Поаѓање од Охрид за Дебарца
10:00 часот: Споменик на паднатите борци во НОБ, ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебарца
– Полагање цвеќе
Пригодна реч на Наце Иваноски – професор по историја, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.
10:45 часот- БЕЛЧИШТА
Прием на гостите во просториите на зградата на Општина Дебарца
Посета на спомен собата на НОБ
Посета на ликовната колонија