Во понеделник на 12-ти мај, Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“- Охрид, професор д- р Нинослав Марина свечено ќе им ги додели дипломите на првата генерација на студенти на Универзитетот од учебната 2009/2010 година. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на УИНТ со почеток во 12 часот.