Кончита Вурст од Австрија е победник на 59-то издание на Евровизија

Трансвеститот Кончита Вурст со песната „Rise like a phoenix“ е годинешниот победник на изборот на песна на Евровизија.

 На второто место се најдоа претставниците од Холандија, Д комон линетс, а на третото место претставничката од Шведска, Сана Ниелсен.    

 Македонија и даде 8 поени на Ерменија, 10 поени на Унгарија и 12 поени на Црна Гора.

Во финалето учествуваа 26 земји и тоа: Арменија, Австрија, Азербеџан, Белорусија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Малта, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Украина и Велика Британија.

Извор: www.mkd.mk