Свикана дваесет и третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е 

ЗА СВИКУВАЊЕ НА  ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА  СЕДНИЦА 

НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

             ЈА СВИКУВАМ  дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид на ден  16.05.2014 година (петок) со почеток во 12:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записници од 21-вата и 22-рата седница

  1. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“-Охрид за усвојување на физибилити  студија.
  2. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор  за воспоставување на  јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.
  3. Предлог Одлука за  усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година .
  4. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата за поттикнување на  развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година.
  5. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  6. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната  Програма за изработка на  урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  7. Предлог  Одлука за усвојување  на  Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште 2014-2016 година  за периодот од 01.01 до  31.03. 2014  година.
  8. Предлог  Одлука  за усвојување  на  Извештајот  за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2014-2016 година    за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  9. Предлог  Одлука  за усвојување  на  Извештајот  за реализација на програмата за  јавна чистота   за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  10. Предлог  Одлука  за усвојување  на  Извештајот  за реализација на развојната програма за  јавно осветлување 2014-2016 година  за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  11. Предлог  Одлука  за усвојување  на  Извештајот  за реализација на развојната програма за изградба  на системи за водоснабдување 2014-2016 година за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  12. Предлог  Одлука  за усвојување  на  Извештајот  за реализација на развојната програма за изградба  на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2014-2016 година  за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  13. Предлог  Одлука   за усвојување  на  Извештајот  за реализација на програмата за   изградба на сообраќајна  сигнализација   за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  14. Предлог  Одлука  за усвојување  на  извештајот  за реализација на програмата за  одржување и користење на паркови и зеленило   за периодот  од  01.01 до  31.03.2014 година.
  15. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот  извештај за реализација на  Програмата за развој на  Југозападниот плански регион и тековното работење на  Центарот за  развој,  Годишната сметка и Годишниот финансиски  извештај за 2013 година.
  16. Предлог Одлука за усвојување на финансискиот Извештај  на РЕ Водовод Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  17. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“-Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  18. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  19. Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот од  работењето и остварените разултати на ЈП „Градски гробишта“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  20. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Погребни  услуги“-Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  21. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ –Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  22. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2014 година.
  23. Предлог Одлука за  давање  согласност на Одлуката за покренување иницијатива за оформување  автопазар на територијата на општина Охрид.
  24. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на  Статутот на ЈП Градски Пазар Охрид.
  25. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите  што ги врши ЈП Градски Пазар Охрид.
  26. Предлог Одлука  за авто-такси превоз на патници во општина Охрид.
  27. Предлог Одлука  за отпочнување на постапка за стечај на  туристичко  биро Лихнидост ДООЕЛ Охрид.
  28. Предлог Одлука за усвојување  на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014 година.
  29. Предлог Одлука  за утврдување на почетната цена за поставување на рекламни  паноа-билборди.
  30. Предлог Одлука за  пренесување право на сопственост на движни ствари од општина Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД 

 Претседател,

Гордана  Коњановска