Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“- Охрид, денеска Ректорот нз УИНТ, професор д-р Нинослав Марина свечено на околу 30-35 студенти им ги додели дипломите на првата генерација на студенти на Универзитетот од учебната 2009/2010 година.
„Ова е голем историски ден за Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“-Охрид. Денеска дипломираа првата генерација студенти од областа на информатичките науки и технологии. Како што знаеме денеска информатичките технологии се во сите пори од општеството и јас сум позитивен дека без проблеми ќе најдат работа не само во земјата, туку и на пазарот на труд, на глобалниот пазар на труд во светот. На нашиот унивезитет, како што знаете ова е единствен универзитет во регионот што дава образование на англиски јазик, плус сме специјализирани за информатички науки и технологии. Фактот дека доаѓаат светски професори да предаваат, кои што ги имаме како визитинг професори, еве денес имаме професор кој што бил на Харвард и дека тие добиваат доста квалитетни знаења во однос на другите универзитети и тоа го потврдуваат со веќе што добар дел од нив, нашле позиции на престижните европски универзитети или во престижните компании од областа на информатичките технологии.“- изјави ректорот на УНИТ „Св. Апостол Павле“-Охрид, Нинослав Марина.
Како што рече ректорот Марина, УИНТ „Св. Апостол Павле“- Охрид бележи постојан тренд на раст во бројот на пријавени студенти, затоа што како што кажа секоја година формираат и нови наставни програми.
„Почнавме со втор циклус на студии, има интерес за тие наши магистарски студии и во фаза сме веќе на добивање и на акредитација за докторски студии. Значи интересот расте континуирано, јас само можам дека покрај тоа што направивме раст во бројот на студенти имаме и раст во бројот на вработени, наставно научен кадар и најважно од се имаме голем скок на Шангајската листа каде што се изедначивме скоро со првите универзитети на национално ниво.“– истакна Марина.
Со оглед дека бројот на студенти на овој факултет е во пораст, ректорот на УИНТ „Св.Апостол Павле“ оваа година очекува да се запишат од 150-180 студенти.
WebOhrid