Локалната самоуправа започна со отстранување на дел од билбордите. Дел од нив се отстрануваат бидејќи се заплените од Управата за јавни приходи и поради тоа тие немаат договор со општина Охрид. По извршениот инспекциски увид на надлежните служби и по реакциите на граѓаните, во наредните денови ќе се отстрануваат оние билбордите кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите. Исто така ќе се отстрануваат и билборди од фирмите сопственици на кои им е истечен договорот. Во иднина е планирано да се донесе програма со која ќе се унифицира изгледот на билбордите, со што градот ќе добие поубав и помодерен изглед.