ЈП „Градски Пазар“ издава деловен простор под закуп

Јавното претпријатие  „ Градски пазар“  издава под закуп деловен простор на приземје  со површина од 30 м2, лоциран на јужната страна во градскиот  пазар Охрид, за период од 1(една) година, со почетна цена од 370,00 денари без ДДВ за м2.

Заинтересираните, правни и физички лица, потребно е да достават понуда која ќе го содржи понудениот износ на надоместокот по основ на закупнина. Правните лица се должни да достават и Решение од централен регистар за регистрација на дејност, а физичките лица, копија од лична исправа.

Понудите треба да се достават до ЈП „Градски пазар“ –  Охрид, на адреса Бул. Туристичка 79, во затворен плик, со ознака – не отворај-.

Огласот трае до 19.05.2014 година до 14 часот.