Изминатата семица УЈП затворила 101 објект

И покрај тоа што контролите во делот на фискализацијата е една од најексплоатираните теми во јавноста и УЈП постојано апелира даночните обврзници редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, сеуште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на РМ. 

Во изминатата седмица, даночниците спроведоа засилени контроли на цела територија на Македонија. Од вкупно 665 контролирани деловни објекти, во 101 утврдени се неправилности во финансиското работење и неправилности во регистрирањето на готовинскиот промет.

Покрај тоа што овие објекти ќе бидат запечатени, на даночните обврзници им е изречена и парична глоба. 

Најголем број на затворени објекти се во Скопје (35), понатаму Битола (20), Струмица (6) и Гостивар (5), додека останатите се лоцирани во други 21 општини.