Охрид има идеални услови за развој на спортски и здравствен туризам

Градоначалникот Никола Бакрачески денес  прими претставници од Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје“, предводени од  деканот Вујица Живковиќ.

На работната  средба се разговараше за идеалните услови кои ги нуди Охрид  за развој на спортски и здравствен туризам. Во развојот на овој вид туризам, заеднички со стручна помош и обука на кадри би се вклучиле  медицинскиот и факултетите за туризам и физичка култура.

Беше заклучено дека  битен предуслов за развој на спортскиот туризам во Охрид се капацитетите на  Спортско рекреативниот  центар „Билјанини извори“, во чии рамки функционираат главно фудбалско игралиште,  две помошни игралишта, а во тек е изградба на ново игралиште со  вештачка трева.
delegacijaFFK_4851
 Центарот располага  и со  два терена  за мал фудбал, затворен и  отворент базен чија изградба е во тек , две спортски сали- голема и фитнес сала  , шест игралишта за кошарка и осум  за тенис.
Во план е изградба на  игралиште за хокеј на трева како и покриена  атлетска патека со должина од 120 метри,  која ќе се наоѓа помеѓу спорската сала и игралиштето.
Градоначалникот Бакрачески побара од Факултетот за туризам заедно со Пливачката федерација на Македонија да се вклучат во организацијата на Меѓународниот пливачки маратон , со цел  истиот да го врати дамнешниот  сјај врвен спортски ио туристичко препознатлив бренд на Охрид.
Гостите, го поздравија спектакуларното отворање и организацијата на  спортскиот настан “Гимназијада“, што  се одржа во Охрид како и ангажирањето на професорите по физичка  култура во охридските основни училишта.
Инаку,охридската локална власт ќе даде логистичка поддршка за првата Меѓународна научна конференција по физичко образоание , спорт и здравје што на крајов од овој месец ќе се одржи во Охрид.