Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во едукативна посета на „Жито Леб“

Денес учениците од VI одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид остварија посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ во корелација со предметот природни науки.

Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Тие посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани, лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци. Одговорниот технолог навистина  им го привлече вниманието на учениците со детално објаснување и демонстративно покажување на самиот процес на производство, притоа одговарајќи на  прашањата од љубопитните ученици.

На крајот сите ученици беа почестени со многу вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења.

UceniciSvKlimentVoZitoLeb01 UceniciSvKlimentVoZitoLeb03 UceniciSvKlimentVoZitoLeb04