Емисијата „Охриде не бери гајле“ на Супер радио во петок полни девет години откако започна да се емитува во радискиот етер.
Низ годините емисијата се менуваше и созреваше во квалитетен радио проект кој полни девет години ги информира, а пред се ги забавува своите слушатели. Емисијата ја води познатиот глумец и водител Жанко ЗШ Голабоски, а тимот на емисијата го надополнуваат и Тони Џомба и Дџ Јане кои го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.
Покрај нив, тимот го дополнува и комплетната екипа составена од млади и талентирани луѓе кои секој работен ден во терминот од 08-12 часот носат ведрина во домовите на своите слушатели.
Во новата сезона и секако во пресрет на летото, тимот на „Охриде не бери гајле“ и Супер радио ветува измени и освежувања.
Супер радио, според мерењата на Советот за радиодифузија на Република Македонија и официјално е најслушаната локална радио станица.