ЈП „Охридски Комуналец“ постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк.
„Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак“ -Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад , односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и пепелник за цигари: едниот сад е наменет за селекција и депонирање на пластични шишиња и лименки (овој сад е затворен со посебен отвор на горниот дел) и отворен сад за депонирање на останатиот ситен отпад.