Охридската гимназија дел од меѓународното истражување PISA

Во  Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ денеска се одржа  PISA тестирање на репрезентативен примерок на ученици избрани по случаен избор. Охридската гимназија   е само едно од многуте училишта кои се дел од  шестата PISA студија, односно програма која се залага за меѓународно оценување на учениците и се спроведува на секои 3 години.

Се очекува резултатите да дадат значајни сознанија за тоа колку  учениците во Македонија се подготвени за учење и живот како возрасни откако ќе го напуштат училиштето, како и да помогнат да се идентификуваат областите кои треба да се унапредат од страна на училииштата, образовниот систем и Владата. Крајно, тие би овозможиле споредување на ефикасноста на ученикот и средината за учење помеѓу различни земји.

PISA тестирањата (Programme for International Student Assessment) се меѓународни истражувања за проценка на знаења и вештини на петнаесетгодишни ученици под покровителство на OECD – Организацијата за економска соработка и развој. Проектот PISA е започнат во 2000 година со цел да се оцени нивото на образование помеѓу младите и вклучува повеќе од 70 земји од светот.