Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2014 година изнесува 36 290, а бројот на ноќевањата изнесува 78 721.
Бројот на туристите во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е зголемен за 5.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.5%.
Бројот на домашните туристи во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е зголемен за 20.6%, а бројот на странските туристи е намален за 2.7%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2014 година, во однос на март 2013 година, е зголемен за 16.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.8%.
Во периодот јануари-март 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.9%, а кај странските бројот остана на исто ниво.
Во периодот јануари-март 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7%, а кај странските има зголемување за 2.3%.