Кинески функционер во својот дом чувал 16 милиони долари

Еден висок кинески функционер во својот дом чувал 16 милиони долари во кеш. Тоа било откриено со операцијата за сузбивање на корупција во редовите на владејачката Комунистичка партија, а тоа следувало по низата скандали поврзани со владините функционери.

Како што пишуваат кинеските медиуми, парите биле пронајдени кај заменик-директорот на Бирото за јаглен во Народната управа за енергетика, кој покрај другото, бил задолжен за одобрување изградби на електрани.

Кинеската владејачка партија вети дека ќе ја сузбие корупцијата за да се обиде да го подобри својот имиџ после низата скандали.

Неколку високи владини функционери се отстранети од нивните позиции под обвинение за примање мито во последните неколку години.