Ве известуваме дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз упати телеграми до претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, до претседателката на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, до премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ и до сестринските партии во Србија, за катастрофалните последици од поплавите што ја погодија земјата.
Телеграми со слична содржина, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во текот на денешниот ден ќе упати и до претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ и до сестринските партии во БИХ, за ужасната состојба од поплавите и во оваа земја.
Во продолжение ве известуваме за содржината на испратените телеграми во Република Србија.
Почитувани,
Изразувам искрено и длабоко сочувство за жртвите во катастрофалните поплави од големите и незапаметени досега, временски неприлики, што ја погодија Србија. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја споделува со Вас и со вашиот народ загриженоста за состојбите во земјата што оставија илјадници луѓе без своите домови и направија огромна материјална штета, како и надежта дека ситуацијата ќе биде што поскоро стабилизирана.
Како најблиски соседи и ваши пријатели, во мое лично име и во име на СДСМ, Ве известувам дека се солидаризираме во неопходните чекори за надминување на последиците од водената стихија.
Социјалдемократскиот сојуз, како голем и организиран политички субјект во Македонија, се става на располагање за помош со се што е нeопходно за народот во Република Србија.
Со почит,
Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Г-дин Зоран Заев
Извор: www.sdsm.org.mk