Во чест на 24 мај – Денот на македонските просветители, Светите Кирил и Методиј, Љубители на литература, култура и наука, Св. Висарион Демир Хисар и охридската библиотека „Григор Прличев“ организираат промоција на книгата „Вечната светлина над Македонија“ од Гордана Димовска.
Промоцијата ќе започне со стиховите од песната „Солунски браќа“ од Гордана Димовска.
Книгата ќе биде промовирана во среда, 21 мај, со почеток во 12 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“- Охрид.