Точков: Покажавме дека сме хумани, солидарни, дека сочувствуваме со несреќата што ги погоди Србија и БиХ

Екипи на охридскиот Црвениот крст, вработени и волонтери неколку дена се мобилизирани и интензивно работат  на собирање на соодветна помош за населението  во Србија и Босна и Херцеговина, погодено со поплавите. За текот на хуманитарната собирна акција, која е со помош и поддршка на Општина Охрид и Здружението на Срби во Македонија „ Коштана, денес информираше претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

„На неколку пунктови во градот нашите волонтери прибираат помош од хуманите граѓани и солидарни охриѓани што навистина можам да кажам со гордост дека навистина покажавме дека сме хумани, солидарни, дека сочувствуваме со несреќата што ги задеси нашите братски народи од Босна и Херцеговина и од Србија.“- изјави претседателот на Црвен Крст Охрид,Сашо Точков.

Точков рече дека голема количина на помош е собрана во Охрид, од 3 до 5 тони разновидна помош која што во текот на утрешниот ден и во среда ќе биде испратена во Црвениот крст на Р.Македонија, од каде што со шлепери ќе тргне и втората пратка за Србија и БиХ.

„Првата пратка тргна денес во 12 часот за Србија, 80 тони храна и најразлични други видови, средства за хигиена, вода, а утре во 11 часот тргнува исто толкава  помош за БиХ. Тоа е се преку Црвениот крст,посебни се протоколите за превоз на овој вид на помош преку границитем, затоа ги молам оние кои самоиницијативно прибираат помош да ја достават овде на овој пункт во Црвениот крст, за да можеме организирано понатака без никакви проблеми или царински процедури и формалности кои што ние ги запазуваме секако како Црвен крст во соработка со Амбасадата на Р. Србија и БиХ во Македонија и да ги спроведиме и испратиме во оние дестинации каде што е потребно. Овие пратки ќе одат во собирните центри  во Белград, од каде што ќе се дистрибуиаат онаму каде што е потребно.“- истакна Точков.

 Тој нагласи дека голем број на граѓани се јавиле и доаѓале да помогнат во Црвениот крст.  Општина Охрид обезбеди средства  за набавка на околу 300 пакети со најразлични призводи како неопходна помош за населението во поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

„Би ги поттикнал фирмите, институциите, компании во Охрид и околината да ја подржат оваа акција и со поголема конкретна помош бидат овде на собирните пунктови. Благодарам на општината која што веќе денеска се координарвме и припремаме логистика, односно превоз за транспорт на роба во Скопје, до магацините на Црвениот крст во Р. Македонија. Не контактираа и од локалната самоуправа од Дебарца кои исто така ќе донесат помош, дел од училиптата , од ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Братство“ се организирани и понуваат со акција денеска и утре за собирање на помош. Исто така од Митрополија не контактираа кои што сакаат да  донираат поголема количина на вода и прехранбени производи.“– рече Точков.

Точков напомна дека ацијата не завршува во среда, тие продолжуваат и понатаму, затоа што помошта е и тоа како потребна и ќе биде потребна во текот на сите овие месеци.

Капацитетни сме да ги упслужиме сите оние кои ќе сакаат и ќе имаат потреба нашите луѓе се постојано присутни и овде и на пунктот во Црвениот крст Охрид и сите оние граѓани кои што сакаат во поголемите маркети можат да донираат. Отворени се и мобилните телефони 143 400 на сите мобилни оператори, а можат и на жиро сметка на Фондот за солидарност и жиро сметка на Црвениот крст, кој што сака, кој што може да помогне, помошта не е лимитирана, не е ограничена кој колку може, толку нека помогне.“ – додаде  Точков.

WebOhrid