Ротаракт клубот Охрид со донација за настраданите во Србија и БиХ

Ротаракт Клубот Охрид, како клуб на млади, следејќи ја состојбата и катастрофата што ја зафати Србија и Босна и Херцеговина, сочувствувајќи со сите свои пријатели и познаници, членови на  Ротари и Ротаракт клубовите од овие земји и воопшто со сите тие луѓе кои ги затекна оваа елементарна непогода, почувствува силна потреба и должност, во рамките на своите можности да им излезе во пресрет и да ги поткрепи на граѓаните на овие земји кои можеби токму сега ја водат најтешката битка во нивните животи.

За таа цел, Ротаракт Клубот Охрид, сакајќи да даде придонес кон актуелните масовни хумани активноси, на охридскиот градски плоштад, во наредните три дена, почнувајќи од денес, вторник до Четврток , во периодот од 12:00 до 18:00 часот, организира донаторска акција и апелира до граѓаните на град Охрид и неговата околина и сите кои ќе се затекнат тука, во рамките на своите можности да донираат и да ја поткрепат оваа акција.

Rotarakt

Оттаму истакнуваат дека треба да се донираат прехрамбени производи (конзервирани, трајни), прехрамбени производи за лица кои боледуваат од дијабетис, вода за пиење-флаширана, храна за бебиња, средства за хигиена, пелени, материјали за прва помош, облека, обувки, гумени чизми, ќебиња.    

Исто така ќе биде поставена и донаторкса кутија во која ќе може да се донираат и парични средства кои потоа ќе бидат уплатени на официјалните сметки за помош на овие земји.

„Запомнете дека секое парче облека, секое парче храна и секој денар се брои и на ним им е од огромно значење !! Упатуваме благодарност до Општината и ЈП Градски пазар за обезбедениот собирен пукт и логистичката помош.“– додаваат од Ротаракт клубот Охрид.