Вкупно 3.461 валиден коментар за прашањата за екстерното тестирање

Заклучно со 16-ти Мај, до Државниот испитен центар пристигнаа вкупно 3.461 валиден коментар за прашањата за екстерното тестирање.

„Најголем дел од коментарите се однесуваат на потребата од појасно поставување на определено прашање или поправилно преведување на прашањето, посебно кај проблемските задачи по математика, но има и за појаснувања на прашања по англиски јазик и по историја.

Генерално, ако земеме предвид дека на приближно половина милион прашања имаме 3.461 коментар, тоа е многу мал процент. Сите валидни коментари ќе ги земеме предвид и ќе ги коригираме соодветните прашања. Најголем предизвик беше процесот да биде максимално транспарентен и мислам дека излеговме во пресрет на учениците“, рече министерот Ристовски.

Освен валидни коментари, пристигнати се и неиздржани забелешки, кои воопшто не се однесуваат на содржината и квалитетот на прашањата.