Закажани 24-та и продолжението од 23-та седница

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е 

ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА

НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година (петок) со почеток во 12,00 (дванаесет) часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.

2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија.

3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности.

4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД 

Претседател, Гордана Коњановска

Исто така, од локалната самоуправа известуваат дека продолжението на 23-тата седница ќе се одржи на ден 23.05.2014 год. со почеток во 12,30 часот.