Во рамките на хуманитарната акција за помош на Србија и Босна и Херцеговина, погодени од катастрофалните поплави, и Општинската организација на ГРОМ од Охрид, предводена од претседателот Љупчо Настоски организираше собирање на храна, облека, средства за хигиена и вода.
Собраните средства членовите на ГРОМ Охрид ги доставија до најблискиот пункт за од таму да бидат препратени во загрозените подрачја.
Раководството на ГРОМ Охрид повикува на хуманост од сите граѓани и ќе продолжи и понатаму со вакви акции.