Генералното собрание на Обединетите нации, по резолуцијата 55/201 од 20 декември 2000 година, го прогласи 22-ри мај како меѓународен ден на биодиверзитетот, односно на биолошката разновидност, со цел да се зголеми разбирањето и свеста за прашањата поврзани со биодиверзитетот.
Темата: Биодиверзитетот на островите, беше избрана за да се совпаѓа со ознаката од страна на Генералното собрание на Обединетите нации од 2014 година за Меѓународна година на малите островски земји во развој. Покрај тоа, темата беше избрана да кореспондира со тајмингот на COP одлуката XI/15 став 1(а) „да се зајакне имплементацијата на Програмата за работа на Островскиот биодиверзитет“.
Островите и нивната околина во близина на брегот на морските подрачја претставуваат единствени екосистеми кои често се состојат од многу растителни и животински видови кои се ендемични – ги нема никаде на друго место на Земјата. Уникатната еволутивна историја на овие екосистеми е незаменливо богатство. Тие се, исто така, клучот за живот, економија, благосостојба и културен идентитет на 600 милиони жители на островите – една десеттина од светската популација.
„Половина од морските ресурси во светот се наоѓаат во водите од островите. Биодиверзитетот – базираните индустрии, како што се туризмот и рибарството се значајни за повеќе од половина од бруто домашниот производ на малите островски земји во развој. Дозволете ни да се заложиме за донесување, адаптација и подобрување на најдобрите практики за да можат да се заштитат кревките екосистеми во корист на сите жители на островите – и секако на луѓето насекаде – кои зависат од нив.“ – изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, по повод овој Ден.