Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање изнесува 195 со површина од 551 609 м2.
Според обработените податоци, 14 383 места за паркирање, со површина од 366 363 м2 се на отворен простор, 2 543 места за паркирање со површина од 72 995 м2 се во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3 437 места за паркирање со површина од 112 251 м2.
Со годишното истражување за паркиралишта и гаражи се опфатени 24 извештајни единици, а истражувањето за првпат се спроведе во 2007 година.
Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините .