ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности во изминатава недела беше присутен на многу локации во Охрид. Хортикултурно се средуваше сообраќајната клучка на влезот во Охрид од магистралниот пат Скопје-Охрид.
Темелно се расчистуваше од ниска вегетација осветлениот грб на општината со стрелката која насочува кон Охрид, како и околниот простор каде се искоси тревата и расчисти просторот.
Исто така хортикултурно се уреди кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај нас. Даљан.
Согласно Програмата за вонредни активности за 2014 година се изврши расчистување на сливните шахти вдолж „Булевар Туристичка“ и генерално отстранување на тревната вегетација околу граничниците заради планираната активност на локалната самоуправа за фарбање на граничниците.
По повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители хортикултурно се уреди просторот околу споменикот на Светите Кирил и Методиј.