По налог на Општина Охрид денеска, Јавните Претпријатија „Ниско Градба“, „Градски гробишта“ и „Охридски комуналец“ започнаа акција за оградување на просторот околу малиот плоштад и црквата „Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња.
По денешната акција на оградување се очекува повеќе да ги нема диво паркираните автомобили крај малиот плоштад кои оневозможуваа пристапност до него како и видливост на неговите убавини.
Со акцијата се очекува да се стави крај на грдата слика која диво паркираните автомобили ја правеа крај источната страна од дворот на еден од најубавите сакрални објекти , црквата Св. Софија.
Инаку, во изминатиот период охридските Јавни Претпријатија работеа на партерно и хортикултурно уредување на овие јавни површини.