Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи Денот на Св.Кирил и Методиј

По повод 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј, Локалната самоуправа со бројни свечености ќе го одбележи овој голем ден.

Со почеток во 11:30 часот, Тоде Илиески од Друштвото на писатели, со поздравна реч ќе се обрати пред присутните. Потоа во 11:45 часот делегациите ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј. Во 12:00 часот на наградените ученици од охридските училишта на меѓународни и државни натпревари, општина Охрид ќе им додели пригодни подароци за постигнатиот успех, а во 12:30 часот следува пригодна културно уметничка програма. Местото на одржување е Споменикот на Св.Кирил и Методиј во Градскиот парк.

Пред почетокот свеченостите за Св. Кирил и Методиј, во 10:30 часот, КУД „Гердан“, во просториите на старото училиште Св. Кирил и Методиј во Кошишта, организира црковно чествување и пригодна културно – уметничка програма, за жителите од Кошишта, членови на друштвото и нивните родители.