Во пресрет на летната туристичка сезона, денеска на иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, беа одржани два работни состаноци со претставници на такси компаниите и претставници на угостителите од Охрид. На состаноците присуствуваа и претставници на неколку Сектори од Локалната самоуправа како и претставници од јавните институции кои се надлежни во овие области. Целта беше да се разгледаат тековните состојби во пресрет на летната туристичка сезона и да се определат насоки и решенија за истите. Беше укажана потребата од заедничко делување во справувањето со негативните појави евидентирани во изминатите години, за кои се понудија можни решенија преку чија имплементација би се елиминирале негативните појави во туризмот, при тоа имајќи го во предвид заедничкиот интерес. На состанокот се дојде до заклучок дека ваквиот тип на средби треба да се интензивираат како и обостраното прифаќање на иницијативите за заедничка организација на активности и манифестации со кои би се пролонгирала туристичката сезона.
Работен состанок во пресрет на туристичката сезона
Локалната самоуправа изразува благодарност за досегашната соработка и се обврзува да излезе во пресрет, согласно можностите и надлежностите, во реализација на барањата и иницијативите на туристичките чинители, а се со цел подобрување на туристичката понуда во градот.