Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, вчера се играше фудбалскиот куп „Coca-Cola“ на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи.
Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Економското училиште и беа подобри со резултат 3:0, додека во борбата за првото место играа против екипата од ОСУ „Св. Климент Охридски“ и со резлутат од 2:1 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите во мал фудбал. Треба да се спомене дека овој пат на натпреварите во составот на екипата имаше и едно девојче.
Целта на фубалскиот куп „Coca-Cola“ веќе трета година по ред останува непроменета, создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава.
„Coca-Cola“ фубалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.
Повеќе од 1.500 момчиња и девојчиња од 12 општини од цела Македонија деновиве ја живеат фудбалската еуфорија на “Coca-Cola” купот.
Спортскиот терен беше исполнет со црвените „Coca-Cola” маички на играчите кои неуморни и полни со ентузијазам спортуваат и се забавуваат играјќи фудбал. „Coca-Cola“ фудбалскиот куп ги инспирира и ги поттикнува младите. Им покажува дека фудбалот е игра преку која учат да бидат физички активни и да ја споделуваат својата страст со пријателите и семејството. Купот е одличен начин како децата да научат дека физичките и спортските активности се неопходни за здрав живот исполнет со енергија.
Инаку, учесниците се на возраст од 13 до 16 години, ученици во основните и средни училишта од општините ширум Македонија. Турнирот завршува со полуфиналните и финалните натпревари кои ќе се одиграат на 31 мај во Градскиот парк во Скопје.