Споделена одговорност на Република Македонија и на Светиот престол е да продолжат заедно да ги негуваат и да ги промовираат мирот, дијалогот, духовното разбирање, соживотот и почитувањето на различностите.
Тоа го порача претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од од XIII до XIX век“ во Ватиканските музеи. Со изложбата почна 46. манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ и одбележувањето 20 години од дипломатските односи меѓу Македонија и Ватикан.
Пријателските односи и соработката помеѓу Македонија и Светиот престол, според Иванов, се потпираат на длабоката христијанска традиција, споделената грижа за Европа и промовирањето на мирот, дијалогот, соживотот и почитувањето на различностите.
„Столбови втемелени врз златното правило што од нас бара да постапуваме со другите онака како што сакаме и другите да постапуваат со нас. Низ вековите ова правило ниту застарело, ниту изгубило значење. Напротив, повеќе од кога било порано, тоа денес е во центарот на одговорот на многу актуелни европски и глобални предизвици. Република Македонија овој принцип го има вградено во својот македонски модел на соживот и почитување на различноста во нашето повеќеетничко, повеќерелигиско и повеќејазично општество“, рече Иванов.
Силни врски за Македонија и Ватикан, укажа македонскиот претседател, се Мајка Тереза која се роди во Скопје, и Свети Кирил, кој се упокои во Рим.
„Благодарение на светите Кирил и Методиј, веќе не се поставува прашањето дали народите имаат право на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација, туку како да се обезбеди и како да се оствари тоа право. За тоа сведочи и оваа изложба на средновековни ракописи. Благодарение на Мајка Тереза и на луѓето, кои своите животи ги посветиле на милосрдието кон сиромашните и отфрлените, веќе не се поставува прашањето дали треба да им се помогне на најсиромашните, туку како да им се помогне. Ако светите Кирил и Методиј во 9 век беа моралната совест на Европа, Мајка Тереза во 20 век стана моралната совест на светот“, рече Иванов.
На отворањето на манифестацијата присуствуваа министрите за култура и за образование и наука, Елизабета Канческа-Милевска и Спиро Ристовски, амбасадорите на Македонија во Рим и во Ватикан, Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкуловски, директорот на Ватиканските музеи Антонио Палучи, црковна делегација, предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Во Ватиканските музеи отворена изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“
ПЕТОК, 23 МАЈ 2014 08:25 Е-поштаПечатиPDF
06_Rim_izlozba_AБлагодарение на светите Кирил и Методиј, веќе не се поставува прашањето дали народите имаат право на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација, туку како да се обезбеди и како да се оствари тоа право …
Споделена одговорност на Република Македонија и на Светиот престол е да продолжат заедно да ги негуваат и да ги промовираат мирот, дијалогот, духовното разбирање, соживотот и почитувањето на различностите.
Тоа го порача претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на изложбата „Словенски ракописи од Македонија од од XIII до XIX век“ вечерва во Ватиканските музеи. Со изложбата почна 46. манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ и одбележувањето 20 години од дипломатските односи меѓу Македонија и Ватикан.
Пријателските односи и соработката помеѓу Македонија и Светиот престол, според Иванов, се потпираат на длабоката христијанска традиција, споделената грижа за Европа и промовирањето на мирот, дијалогот, соживотот и почитувањето на различностите.
„Столбови втемелени врз златното правило што од нас бара да постапуваме со другите онака како што сакаме и другите да постапуваат со нас. Низ вековите ова правило ниту застарело, ниту изгубило значење. Напротив, повеќе од кога било порано, тоа денес е во центарот на одговорот на многу актуелни европски и глобални предизвици. Република Македонија овој принцип го има вградено во својот македонски модел на соживот и почитување на различноста во нашето повеќеетничко, повеќерелигиско и повеќејазично општество“, рече Иванов.
Силни врски за Македонија и Ватикан, укажа македонскиот претседател, се Мајка Тереза која се роди во Скопје, и Свети Кирил, кој се упокои во Рим.
„Благодарение на светите Кирил и Методиј, веќе не се поставува прашањето дали народите имаат право на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација, туку како да се обезбеди и како да се оствари тоа право. За тоа сведочи и оваа изложба на средновековни ракописи. Благодарение на Мајка Тереза и на луѓето, кои своите животи ги посветиле на милосрдието кон сиромашните и отфрлените, веќе не се поставува прашањето дали треба да им се помогне на најсиромашните, туку како да им се помогне. Ако светите Кирил и Методиј во 9 век беа моралната совест на Европа, Мајка Тереза во 20 век стана моралната совест на светот“ рече Иванов.
На отворањето на манифестацијата присуствуваа министрите за култура и за образование и наука, Елизабета Канческа-Милевска и Спиро Ристовски, амбасадорите на Македонија во Рим и во Ватикан, Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкуловски, директорот на Ватиканските музеи Антонио Палучи, црковна делегација, предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Во просторот на Ватиканските музеи, каде се сместени најзначајните дела од историјата на светската уметност, на изложбата посетителите можат да видат 30 оригинални ракописи од Македонија.
Според министерката за култура, тоа се исклучително вредни ракописи кои го посочуваат илјадагодишниот континуитет на писмениот и јазичен развој во Македонија, како дел од цивилизациските текови низ времињата на Балканот и пошироко во Европа.
„Словенските ракописи од Македонија ја прикажуваат словенската писмена традиција и континуитетот на словенската писменост во Македонија која се втемелила од страна на светите Кирил и Методиј во втората половина на IX век и продолжила да се развива преку просветителската дејност на светите Климент и Наум Охридски, основоположниците на Охридската духовна и книжевна школа“, рече Канческа-Милевска.
Таа нагласи дека Република Македонија поседува голем број ракописи од Охридската книжевна школа кои се чуваат во трезорите на македонските академски и културни институции и оти дел од нив се наоѓаат и во големите европски центри, Санкт Петербург, Одеса, Москва, Виена.. Иако овие ракописи од нашите простори се наоѓаат надвор од Македонија, според Канческа-Милевска, сепак генерациите се тие што паметат, а музеите се чувари на заедничкото културно наследство.
„Иако изложбата презентира само мал дел од древната писмена традиција на Македонија, вечерва од овде, од Ватикан, духовното средиште на светската култура и цивилизација, можеме да потврдиме дека Македонија, со својот културен и духовен континуитет е дел од европското наследство. Република Македонија и припаѓа на Европа, присуството на Република Македонија во Европа е писмо од сегашноста испратено до иднината, не до минатото“ рече Канческа-Милевска.
Изложбата „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“ е организирана под покровителство на министерствата за култура и за надворешни работи и НУБ „Свети Климент Охридски“.
Програмата од манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ продолжува денес со изведба на балетската претстава „14 часа“ во театарот „Куирино“.