Општина Охрид денес започна акција за пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Најпрво се санираат дупките низ централните градски улици, „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, по што ќе следи санација на оштетените делови на „7 –ми Ноември “, „Бекир али Риза “ и на останатите улици низ Охрид каде има потреба од ваков зафат.
Во акцијата бехатон плочките се отстрануваат а на нивно место се става асфалт.
Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.