ЈП „Билјанини Извори“ испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„Со разјаснувањето на сите претходни дилеми (доколку ги имало и доколку навистина биле дилеми) од страна на изготвувачот на физибилити студијата на вчерашната седница на Советот на град Охрид како и цврстите гаранции што во својата дискусија ги изнесе директорот на ЈП „Билјанини Извори“ во насока на сите прашања од интерес на јавноста во врска со вработените, цените, и идното работење на претпријатието, за ЈП Билјанини Извори значеше конечно разјаснување, поткрепено со факти и податоци околу сите нејаснотии кои тенденциозно беа пласирани во јавноста поврзани со јавниот паркинг простор со кој ние стопанисуваме. Но за жал, иако очигледно ја знаат вистината и знаат дека одлуката е единствено можна во овој момент, продолжуваат да изнесуваат невистини се со цел да не дозволат ЈП „Билјанини Извори“ да застане на позитивна патека која во иднина ќе го извлече претпријатието од оваа тешка финансиска ситуација од која ќе имаат бенефит сите вработени во претпријатието вклучувајќи ги и нивните партиски колеги.
Иако до сега како Јавно Претпријатие никогаш не сме ја преминале границата на коректна коресподенција помеѓу Јавно претпријатие и политички субјект, иако никогаш до сега не сме сакале да ги покриваме нашите одлуки со лошите одлуки на претходниците, се во интерес на достоинството на претпријатието и достоинството на јавниот живот во Охрид , тоа за момент крајно испровоцирани од секојдневните лаги и шпекулации кои немаат крај, ќе мораме да го направиме со што конечно и засекогаш на јавноста ќе им го покажеме вистинското лице на нашите охридски “душегрижници” и “борци” за интересот на ЈП Билјанини Извори.
Прашање за ВМРО-НП и нивниот коалиционен партнер СДСМ :
Дали почитувани Ви е познато името на правниот субјект Гарнет Вел дооел Охрид ???“- стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.