Утре ќе се постави камен темелник на спортската сала во Требеништа

Утре во село Требеништа ќе се постави камен темелник  на повеќенаменската балон сала. На  настанот ќе присуствуваат пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески.

Исто така во село Ботун ќе се постави камен темелник, каде се врши реконструкција на водоводната мрежа и проширување на системот со две нови каптажи.

Финансирањето на објектите е со сопствени средства на општина Дебарца.