ВМРО – Народна партија испрати соопштение во кое стои:
„ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред граѓаните. Лицемерието што го покажува партијата и нејзиното општинско раководство заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ги надмина сите граници.
Како вчера да беше, кога партијата жестоко реагираше за паркинзите во Охрид, кога организираше протести и кога тврдеше како граѓаните на Охрид трпеле поради криминални дејности и давањето на приватници на јавниот паркинг простор.
Со барање приватен партнер преку јавно – приватно партнерство, власа на ДПМНЕ се поби самата себе си во тврдењата од пред само една година. Планираната инвестиција во висина од околу 3 милиони денари самата општина можеше да ги обезбеди и Јавното претпријатие самостојно да стопанисува со паркинзите. Сега профитот ќе го дели со некој друг, а сите трошоци паѓаат на Јавното претпријатие како плати, даноци, комунални такси додека единствено партнерот само ќе го собира профитот. Средства за инвестиции внатре во Јавното претпријатие ќе нема за подобрување на спортски капацитети и слично.
ВМРО – Народна партија прашува зошто ДПМНЕ бега од ставовите со кои ги доби локалните избори во Охрид?!
Зошто не кажаа колку вработени ќе бидат отпуштени од работа, дали цената на паркинг просторот ќе остане онаа која е моментално или во понатамошниот период ќе има промена и дали граѓаните треба да очекуваат покачување на цената за паркирање?!“ – стои во соопштението од ВМРО-НП.