Гимназија со проект за организацијата 20 години од матура на генерацијата 1993/94

Почнувајќи од оваа година со генерацијата матуранти 1993/94, Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид во состав на проект на учениците кои го изучуваат предметот бизнис и претприемништво, ќе организира одбележување на 20 години од матурирањето. За таа цел учениците организираа прибирање на понуди и самите ги изработија поканите кои ќе бидат пратени до матурантите кои го одбележуваат јубилејот. За најповолна беше избрана понудата на Хотел Ројал Вју која изнесува 650 денари во кои се вклучени 100 денари од продадена влезница кои ќе бидат пренесени на сметката на Гимназијата, а ќе се користат за унапредување на просторно-техничките услови за изведување на воспитно-образовниот процес во училиштето. Прославата ќе се организира на ден 28.06.2014 год.

Идејата дојде од самите ученици и беше прифатена од раководството на училиштето, со намера во иднина ваквиот начин на организација на јубилејните матури да стане пракса.