Кривични пријави за лица од Албанија за извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.К. (23) и Н.С. ( 19 ) двајцата од Либражд Република Албанија.

Пријавените, тешките кражби ги извршиле на дваесетти и дваесет и втори овој месец во „Нетто“ маркетите во Струга.

Првата тешка кражба ја извршиле во маркетот лоциран на улицата „Маркс и Енгелс“ околу 03 часот и 30 минути. Со камен К.К. го скршил стаклото од излогот, направил отвор по што Н.С. влегол во внатрешноста, извршил пребарување и од двете каси против-правно одзел 20.000,оо денари.

На дваесет и втори декември околу 03 часот, двајцата пријавени со камен го скршиле стаклото во продавницата за колониал „Нетто Маркет“ лоцирана на улица „Маршал Тито“. Веднаш почнале со пребарување помеѓу рафтовите одземајќи десет кутии цигари „Марлборо“ а потоа противправно од двете метални каси одзеле околу 4.000 денари во разни апоени.

Веднаш по оваа кражба, К.К. и Н.С. се упатиле кон улицата „Партизанска“ каде на истиот начин-со кршење на излогот со бехатон плочка се обиделе да влезат во продавницата „Седеф“. Во намерата да влезат, сепак не успеале односно не го довршиле започнатото кривично дело бидејќи биле забележани од сопствениците по што веднаш избегале.