Денес во просториите на Образовниот Центар „ПИСИ“ се презентираше единствениот проект „Писи-Педија“- интернет софтвер, генератор на бесконечен број на комбинации на тестови, прашања и одговори по предметите од редовната училишна настава, според програмите на Б.Р.О на Р.Македонија и пошироко со посебен нагласок на Е-Математика.
„ПИСИ-ПЕДИЈА“ – генератор е плод на повеќе од 20 годишно огромно, непрекинато практично искуство на авторите на полето на: Информатиката, Програмирањето, Наставата по: математика, програмирање, физика, Педагогија, Психологија, Работа со талентирани, Законодавството.
„Оваа презентација го претставува новиот софтвер на ПИСИ, таа е ПИСИ-ПЕДИЈА. Има две карактеристики, овој софтвер сака да спои значи Википедија која сите знаеме дека таа е електронска енициклопедија од една страна, а од друга страна значи модул, тоа е софтвер кој што е наменет за електронско тестирање. Тоа е една светска платформа на која што се наоѓаат доста електронски тестирања, меѓутоа платформа која што можеби не е така практична за нашето секојдневие. Јас се надевам дека овој софтвер ќе биде почеток и повик до сите млади луѓе, морам да кажам дека е производ на образовниот центар ПИСИ и производ е на учениците кои излегоа од образовниот центар ПИСИ. Тоа не се веќе ученици тоа се искусни програмери има повеќе од 30 години со 10 години работно искуство работат за РМ и надвор од неа и сакам да ја искористам оваа презентација да ги повикам сите оние кои директно или индиректно сакаат да учествуваат во овој проект за, и надвор од РМ да се придржат на овој тим со што на младите луѓе ќе им кажеме дека има овде работа во Охрид, во РМакедонија, и дека имаме производ кој што и тоа како можеме да го понудиме“ – Ангел Јанев, еден од основачите на ПИСИ.
Исто така во Образовниот Центар „ПИСИ“ се потпиша меморандум за соработка на „ПИСИ“ со Институтот за работа со талентирани деца на Р.Македонија, како и се потпиша меморандум за соработка на „ПИСИ“ со „ВЛД“ – Образовен центар Ниш, Србија за имплементација на ваков софтвер во Србија.
Инаку „ПИСИ-ПЕДИЈА“, нуди генерирање на е-тестови за е-вежбање за екстерни тестирања за предмети предвидени според законите за Образование во РМ, генерирање на е-тестови за вежбање за тековното, целогодишно учење и тековни работни вежби и писмени задачи на учениците во РМ, за предмети предвидени според законите за Образование во РМ, за предшколска и училишна возраст, можност за заедничка работа на родители-деца на полето на проверка на знаење на децата од страна на родителите во тековното учење, по огромен број на предмети, можност за издавачите за експресни изработки на е-работни тетратки или работни тетратки на хартија по одредени (сите) предмети, на одреден (сите) јазици, можност за изработка на соодветни збирки по одредени предмети на одреден (сите) јазици, како и можност за изработка на програми за најмладите од 1-6 год.
WebOhrid