Ана Томевска – добитник на студентска програма за младинска размена на Kennedy Lugar фондацијата

Гимназијалката Ана Томевска, ученичка од II – 4 клас при ОСУ “Св.Климент Охридски”, ќе биде дел од  YES програмата за меѓународно образование.

Ана Томевска возбудено ни раскажува како за програмата YES била информирана и добила препораки за истата, од нејзината професорка по англиски јазик Сузана Ристеска.

„Професорката Сузана не информира и не поттикна да учествуваме на натпреварот за познавање на англискиот јазик кој се оддржа во Струга во Септември 2013. Тестирањето се состоеше од три круга и тоа општо знаење на англискиот јазик, како и пишување есеј. За резултатите од вториот круг се чека неколку месеци, за да се продолжи со третиот круг кој се состои од EFL тест, есеј и интервју со што се завршува третиот круг. Тестовите, есеите и интервјуто се праќаат во Washington DC каде се врши селекцијата. Учествуваа ученици од I и II гимназија, но на мое големо задоволство бев одбрана јас, со што третата година ќе ја завршам во Pasco, Washington, USA. Со тоа ќе добијам можност да ја запознаат американската култура,обичаи, а тоа е мојот животен сон, како и да ја пренесам нашаата култура што е и целта на YES програмата.”– вели Томевска.