Македонската ракометна репрезентација ќе го подржи големиот хуманитарен хепенинг, што утре под мотото “Заедно за еден детски живот” го организираат охридските новинари, Црвениот крст и општина Охрид.
„Утре сите заедно ќе ја покажеме нашата грижа со тоа што ќе бидеме дел од еден голем хуманитарен настан. Покрај богатиот перформанс исполнет со песна, музика, балет, театар од најмладите до најстарите, подршка добивме и од нашите ракометари. Тоа покажува колку сме сите ние хумани“, велат организаторите.
Собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче на кое му е потребна итна операција во Кина , која чини 35 000 евра.
Децата се најголемиот благослов и дар од Бога – Заедно да спасиме еден детски живот!!!
Бидете и Вие дел од овој настан во недела од 12ч до 17 ч на Градскиот плоштад во Охрид.
Донирајте веднаш од вашиот мобилен телефон на сите оператори:
ОNE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOB 070 143 105
Или на следнава жиро сметка
530500017615254 Охридска Банка
Утре на Градскиот плоштад воедно ќе се продаваат и карти за популарното кабаре шоу “2 MOTHERS BROTHERS” на двајцата охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, што во понеделник хуманитарно ќе настапат пред охридската публика.